Грција менува: прекројуван нацрт договорот за промена на името
Објавено во: Балкан 08 Март, 2018
Во пресрет на доаѓањето на Никос Коѕијас во Македонија, нацрт договорот за промена на името кој тој треба да го донесе на средбата, претрпел некои измени, пишува грчкиот весник „Иефимерида“.
Според медиумите, шефот на дипломатијата Коѕиас, на вонредна владина седница ја преставил грчката верзија на нацрт-договорот околу проблемот со името, во кој најверојатно, се додадени и нови елементи кои ќе му бидет презентирани на македонскиот министер Никола Димитров.
Содржината на договорот, се држи во тајност и далеку од медиумите. Грчките преговарачи по секоја цена се обидуваат да ја скријат содржината на документот да протече и „дипломатските консултации да ги врши преку насловните страници на весниците“.
За јужниот сосед, приоритет е решавањето на спорот со името, како и уставни промени, за кои Македонија не се согласува.