05 Мај, 2024
0.0243

ГРЦИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ И БЕЗ ОВОЈ СИМБОЛ: Уште едно „изненадување“ ќе ве чека на летувањето во Грција

Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Познатите грчки киосци кои се наоѓаа на секој агол на улицата и продаваа весници, цигари, бомбони, безалкохолни пијалоци и слично, наскоро ќе станат минато.

Нивните лиценци нема да може да се обновуваат.

Новиот закон пропишува дека единствена „периптера“, традиционални „мини пазари“ на тротоарите во секој град во Грција, ќе доживеат иста судбина како и млекарите кои пред четири децении испорачуваа млеко по куќите.

Според одредбите на новиот закон, во случај киоск да се затвори или сопственикот да почине, лиценцата повеќе не може да се обнови или пренесе на друго лице.

Киосци-периптера, претставуваат важна традиција во Грција, како што е гирото. Се проценува дека во Грција има околу 12 000 улични киосци, а нивниот број, по економската криза се намалува со голема брзина.

Некои киосци буквално биле 24-часовен мини маркет кои продаваат различен вид на роба како што се ракавици, костими за капење, ранци, пасти за заби, млеко, јогурт, сладолед, пиво, батерии, цигари, кондоми, детски играчки, чоколади, бомбони и се што може да се најде на едно мало место.

Во време кога не постоеле мобилни телефони, за да телефонираат многумина заминувале токму на тие киосци.

Првата периптера е отворена во Атина во 1911 година, а идејата за ваков вид на продажба набрзо се проширила низ цела Грција, и станала препознатлив симбол на земјата. Кога во киосците почнале да се продаваат весници, луѓето се собирале да ги погледнат насловите и често ги дискутирале вестите едни со други.

Во населбите сопственикот на киоскот им бил познат на сите, го знаел секој и знаел што се случува на улицата. Би им ги раскажал на муштериите сите трачеви од соседството или разговарал со нив за спортски и политички настани.

Рецесијата тешко ги погоди киосците, а високите цени довеле до тоа луѓето помалку да купуваат во нив. Некогаш купувале бомбони или безалкохолни пијалоци на киоск, но сега одат во супер маркети во кои купуваат исти работи по ниски цени. Тоа било почеток на крајот на периптерите.

Во Грција од почеток на кризата се затворени повеќе од 6000 киосци. Од 1080 само во Атина, речиси половина се затворени, а околу 300 се напуштени. Општината повеќето ги отстранила од тротоари а останале само неколку затворени, потсетувајќи ги минувачите на убавите денови на периптера.

Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница