ГРЦИТЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ: Не сакаат име кое ќе содржи „Македонија“
Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2018
Грчките здруженија кои собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи повикаа на протест на 21 јануари во Солун.
Можно е да има повеќе различни демонстрации, но со истата порака против употреба на името Македонија.
Демонстрации во Северна Грција, резолуции, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија се само некои од најавените активности во рамките на кампањата под името „Македонија значи Грција“. „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.
Во грчките медиуми веќе месец дена се шпекулира со повеќе имиња.
„Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“ се трите имиња според грчкиот весник „Real news“, што ќе се најдат на маса на средбата на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.