09 Мај, 2024
0.0241

Грците лути на Јункер за зборот Македонија - Оган врз црвените линии

Објавено во: Балкан 01 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во Грција повторно се крена фама околу употребата на терминот Македонија и Македонци од страна на европски политичар, а овој пат спорни се изјавите на Жан Клод Јункер претседателот на Европската комисија кој неодамна ја посети Република Македонија при што оствари средба со политичкиот врв/

„Оган врз црвените линии на Грција од Јункер: повторно говореше за Македонија“, „Јункер ПЈРМ ја нарече Македонија“, „Јункер: Македонците напредуваат, терминот ПЈРМ е бирократија“, „Нова грешка на Јункер, говореше за Македонија и Македонци“, „Провокација од Јункер“, се само дел од насловите во грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за вчерашното интервју на претседателот на Европската комисија за „Дојче веле“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, новинарите во Грција акцентот во извештаите го ставија на употребата на Јункер на уставното име и коментарот дека ПЈРМ е „бирократски термин“.

– Претседателот на Комисијата граѓаните на ПЈРМ ги нарекуваше како „Македонци“, а паралелно рече дека името на земјата е „бирократски термин“, пишува CNN.GR.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“, коментира дека изјавата на Јункер доаѓа неколку дена откако Меркел во Берлин го пречека „македонскиот премиер“ и потсетува дека претседателот на ЕК и во минатото го искористил терминот „Македонија“, но тогаш „веднаш ја сфатил грешката и ја поправил“.  Новинарката коментира дека Јункер, сега, го прифаќа истото име, без двоумење и тоа во време на тешки преговори.

– Повтореното погрешно споменување, меѓу другото, ги прекршува одлуките и обврските на самата ЕУ и претставува индиректен притисок врз Грција. Партнерите, се чини дека избираат јасна позиција во овој дипломатски двобој, ослабувајќи ја грчката страна, пишува „Прото тема“.

Весникот во анализата коментира дека Европејците се обидуваат да го оддалечат Скопје од сферата на земјите како што се Турција, Русија и Кина.

– Во суштина ги горат грчките „црвени линии”, имаат одлучено да го зголемат европското влијание на Балканот со итна интеграција на Скопје. Не ги интересира многу, дали премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев се покажува дека кажува многу, но прави малку во насока на одрекување од иредентизмот, пишува весникот.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?