ГРЦИТЕ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ: Се почувствува како два земјотреси во низа
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2017
Се почувствува како два земјотреси во низа, беше многу силно, ме разбуди, напиша непознат човек на сајтот на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.
Според Геолошкиот истражувачки институт на САД, епицентарот на земјотресот бил 79 километри западно и северозападно од Атина. Потресот беше со јачина од 4.6 степени.
Нема податоци за причинета материјална штета. Земјотресот се почувствувал и во главниот град на Атина, на далечина од 80 километри.
Грција се наоѓа на едно од сеизмички најактивните подрачја, каде што земјотресите со оваа јачина се чести.