Гром повреди петнаесет фудбалери
Објавено во: Свет 10 Август, 2019
Удар на гром повреди 15 фудбалери во германската покраина Баден-Виртемберг.
Фудбалерите се на возраст помеѓу 19 и 48 години и се здобиле со полесни повреди, додека едно лице извесно време било онесвестено.
Повредените се префрлени во болница.
Громот удрил додека играчите тренирале во петокот вечерта во близина на спортски центар, изјави портпаролот на полицијата, пренесоа германските медиуми.