Гром уби човек во Србија
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2018
Синиша Ковачевиќ (60) од село Подгорац кај Бољевац загина при силно невреме, пред два дена, кога во него удрил гром.
Несреќниот човек во моментот на ударот на громот бил на покривот од гаражата на соседот која ја покривал со лим.
„Роднина го викна да го поправат лимот, а потоа почна силен дожд и задувал силен ветер. Почна да грми и светка и не знам зошто не се симнаа од покривот кога го видоа тоа? Велат дека во раката имал парче лим кога го удрил громот! Низ селото се зборува дека громот го погодил директно во срце“- велат соседите.
Вчера во Пожаревац од невреме почина човек.