Груби oбјави: Албанскиот јазик официјално и на полициските униформи!
Објавено во: Македонија 15 Март, 2022
Албанскиот јaзик официјално почна да се употребува и на полициските униформи.
Првиот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи објави дека ова се реализира во пракса.
Вели дека на денешната седница на Владата е усвоена измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик на униформите на полициските служби во согласност со законот.