Груевски: Им порачав на кандидатите да ги поведе разумот, а не емоциите
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017
Никола Груевски вели дека во тек е внатрешна кампања за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Слушнав дел од забелешките и затоа испратив пораки преку мојот Фејсбук профил, рече претседателот во заминување на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Кога има ваква кампања има сѐ и сешто. Јас им порачав на кандидатите да ги поведе разумот, а не емоциите. Да имаме избор на нов претседател дамка и по 24 декември сите заедно да ја вратиме власта“ – вели Груевски.
Тој рече дека на кандидатите за нов лидер им ги испраќа истите пораки за начинот на водење на кампањата до 23 декември кога треба да биде конгресот. Тогаш очекува да има извор без дамка. Конгресот ќе се одржи во Валандово.Груевски, поднесе неотповиклива оставка на денешниот состанок на Централниот комитет на партијата.
Тој рече дека ќе преземе одговорност за резултатите на партијата на последните избори.