08 Мај, 2024
0.0233

Грујовски има амбиции да го презеде ССМ

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Пецо Грујовски, актуелен претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) има амбиција да го презеде раководењето на централната синдикална организација ССМ.

Одлуката за неговата кандидатура е донесена на седница на Претседателството на УПОЗ одржана на 5 октомври.

На претстојниот вонреден конгрес, кој најверојатно ќе се одржи во ноември, Грујовски треба да има поддршка од најмалку шест гранкови синдикати во кои членуваат најмалку една третина од вкупниот број членови на синдикатите здружени во ССМ.

Грујовски вели дека поддршката од гранковите синдикати ќе ја бара со програма што ќе ја презентира во наредниот период.

Вршител на должност претседател на ССМ е Дарко Димовски, кој доаѓа од СУТКОЗ и тој најверојатно ќе се кандидира за официјален мандат. Четири гранкови синдикати со најголем број на членови претходно донесоа одлука за разрешување на Живко Митревски по што повеќе од една година се водеше правна битка за избор на легитимниот претседател Димовски.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување