28 Април, 2024
0.0363

ГРУПАТА ЛЕВ ТАХОР Е ВО ОХРИДСКО СЕЛО: Жителите подготвуваат протест

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Припадниците на еврејската група Лев Тахор се сместени во охридско, во хотел во  Лакочереј, објави охридскиот медиум news1.mk.

Се тврди дека жителите на ова Охридско село веднаш штом ги виделе, реагирале бурно и барале веднаш да си заминат. Дури има организација на протест. Оваа информација не е потврдена од Министерството за внатрешни работи. Откако се појави во Куманово, полицијата соопшти дека групата ќе биде префрлена во Скопје и наскоро ќе замине од земјата. На 14 февруари Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека тие се припадници на еврејската секта, но дека во Македонија немаат дозвола за какви било верски активности.

Рече и дека нивниот престој во државата имал форма на транзит и најверојатно уште во текот на тој ден тие ќе ја напуштат државата, но тоа не се случи. 
„Комисијата за односи со верските заедници ги уверува граѓаните дека нема никаква основа за грижа, групата странски државјани кои по вероисповед се припадници на еврејска секта и имале престој во Куманово, транзитираат низ државата и денес истата ќе ја напуштат, на граничниот премин кон Албанија. Лицата од групата немаат воспоставено никаков контакт пред или за време на престојот со македонската Еврејска верска заедница, ниту имаат одобрен престој за вршење на манифестации на верата, богослужби или верски поуки. Нивниот престој не е во корелација со нивното верско убедување, ниту е забележана повреда на законот или правата и слободите на други лица наши државјани“, сопшти тогаш Сотировски
Сепак тие беа донесени во Скопје, а неколку хотели одбија да ги сместат.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор беа забележани во Македонија по талкањето низ повеќе европски држави од кои беа депортирани, со што нивното присуство ги вознемири граѓаните на Куманово, па се огласи и Министерството за внатрешни работи.

На 17 февруари член на групата за ТВ 24 изјави дека се држени во хотел како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците. 
„Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат од Лев Тахор. 
Тогаш изјавија дека хотелот им е веќе прескап да го плаќаат, и бараа куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат. 

Групата претходно престојуваше во БиХ. Протерани се од неколку земји, а имало и обвинувања за злоставување на деца. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце