ГУГЛ се спогоди со Русите: Плаќа казна од 7,8 милиони долари
Објавено во: Свет 17 Април, 2017
Руски претставници и американската компанија Гугл постигнаа спогодба, со која е ставена точка на спорот кој руските власти го покренаа против Гугл.
Се работи за истрага поради инсталирања на свои апликации во мобилните уреди кои го користат оперативниот систем Андроид.
Според постигнатиот договор Гугл ќе плати 439 милиони рубљи (7,8 милиони долари) казна и нема да ја ограничува инсталацијата на апликацијата и услуги на други произведувачи.
Спогодбата ја обелодени заменик директорот на руската Федерална антимонополска служба Алексеј Достенко, известија руските медиуми, потсетувајќи дека истрагата против Гугл била покрената на барање на веб сајтотЈандекс, главниот сајт за пребарување на интернет во Русија.