Хан со порака на Твитер за Западен Балкан
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2017
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан по повод Новата година им се заблагодари на сите земји-партнери на Европската Унија, меѓу кои и на Македонија, за соработката во текот на 2017 година и порача дека следната 2018 година ќе биде решавачка за Западен Балкан.
„На крајот на оваа година полна со предизвици сакам да им се заблагодарам на сите наши партнери од нашето непосредно и од поодалеченото соседство за посветената соработка во текот на 2017 година. Да бидеме горди на заедничките достигнувања и да ги засилиме напорите онаму каде сè уште е потребен напредок“- напиша Хан на „Твитер“.
Тој повика на заедничка соработка и просперитет.