04 Мај, 2024
0.0326

Харадинај неделава ќе се врати во Косово?

Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен командант на УЧК, Рамуш Харадинај изјави дека до крајот на неделата ќе се врати на Косово.

Тој утре повторно ќе се појави пред судот во градот Колмар во Франција.

„Ние потоа веднаш ќе побараме рочиште за разгледување на овој предмет, односно ќе ги отфрлиме обвиненијата и нивното барање за екстрадиција што е целосно политичко“- изјави Харадинај за балканскиот сервис на Радио слободна Европа.

Според него, станува збор за политичка игра на Србија воочи претседателските избори.

„Србија си игра со времето и доцнеше со поднесувањето на материјалите за да го оддолжи процесот. Но предметот е сега пред судот и верувам дека ќе се испочитуваат временските рокови за да заврши процесот. Станува збор за предмет од 2004 година, кој го фабрикувале остатоците на правосудието на Милошевиќ во Белград“/ кажа Харадинај.

Тој истакна дека истиот предмет постоел и во Хашкиот трибунал, но обвинителството го оценило како нерелевантен.

Харадинај вели дека никогаш нема да потклекне на Србија,  бидејќи е заинтересиран за мир и интеграција на Балканот во ЕУ и НАТО.

Тој е уапсен е во Франција по потерница од Србија.  Харадинај во јуни 2015 година беше уапсен во Словенија, исто така по потерница од Интерпол распишана од Србија. Србија го товари за убиства и тешки злосторства на Косово во текот на 1998 и 1999 година. Харадинај беше водач на ОВК и поранешен косовски премиер. Хашкиот суд го ослободи од обвиненијата за воени злосторства во 2012 година. 

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни