Хеликоптер со седум патници се урна во Истанбул, нема преживеани
Објавено во: Свет 11 Март, 2017
Сите седум патници загинаа во хеликоптерот кој се сруши Бујукчекмече, Истанбул. Хеликоптерот Сикорски С-76 бил изнајмен од приватна компанија и во него во се превезувале бизнисмени, меѓу кои и четворица Руси.
Министерството за транспорт на Турција објави дека причина за несреќата е најверојатно судир со 257 метри висока телевизиска кула во близина на местото на несреќата, со оглед на тоа што во тој регион утрото било магливо.
Хеликоптерот полетал од аеродромот во 11.26 часот, но се урнал на автопатот околу пет минути подоцна.