Хемиско оружје користено кај Мосул?
Објавено во: Свет 17 Април, 2017
Терористите од организацијата „Исламската држава“ користеле хемиско оружје.
Ваков тип на оружје е употребен во еден напад врз ирачките сили за безбедност кај Мосул при што биле ранети неколкумина војници, информираше ирачката војска.
Нападот се случил во саботата, но не е наведено каде точно дошло до него, ниту кои отровни хемикалии се користени. „Исламска држава“ го зазеде Мосул во 2014 година, како и голем дел од северен и западен Ирак. Ирачките власти прогласија дека источниот дел на Мосул во јануари бил целосно ослободен од милитантите, три месеци од почетокот на операцијата за ослободување на овој град.