03 Мај, 2024
0.0299

Хип Хоп и RnB елитата оваа сабота кај Жаре во Еден на Еден!

Објавено во: Стил 06 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Ретко кога глeдаме светски ѕвезди во македонски емисии, но сега ќе имаме одлична можност за такво нешто.  Само една недела по гостувањето во шоуто на Џими Кимел, светските RnB легенди и добитници на Греми награда, Blackstreet се гости на Жаре во Еден на Еден! Групата ќе се шегува за тоа како настанала нивната најпозната песна, No Diggity со Dr.Dre, па дури ќе речат дека нашиот Александар Сариевски бил инспирација!
Гостин ќе биде и популарниот Бобо од Бугарија, најпознат по мега хитот Дим да ме њама, кој по најавата се гледа дека има одлична смисла за хумор.
Цреша на шлагот ќе биде и новото јавување на Спасе кај Жарко Коцкица.
Еве ја најавата, гледајте Еден на Еден оваа сабота во 22.30ч на Алфа тв