Хит фотка: Бебенце со неодолива порака го пречекува таткото војник
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Сликата од бебенцето Харпер кое на аеродромот го чека својот татко за да се врати од воена служба стана вистински хит на интернет. На пораката стои „Знам дека ова е лудо, за прв пат те запознавам, се викам Харпер, а мајка ми ми кажа дека ти си ми татко“.
Војникот Кол Тезар за прв пат сега ја гледа неговата 7 месечна ќерка во живо откако го отслужил воениот рок во Авганистан. Сликата собра над 1.5 милиони лајкови на Фејсбук.