Холандија и Турција ги зовреа страстите - На Чавушоглу забрането да слета
Објавено во: Свет 11 Март, 2017
Холандија и Турција ги заострија односите откако воздухопловните власти во Ротердам издале наредба за забрана за слетување на авионот кој го пренесува турскиот министер за надворешни работи, Мелвут Чавушоглу. Тој предупреди дека таквиот потег ќе доведе до тоа Турција да и воведе санкции на Холандија.
Холанѓаните го повлекле овластувањето за слетување на авионот на турскиот шеф на дипломатијата поради наводни безбедносни причини и загрозување на јавниот ред, еден час откако предупредил дека Турција ќе возврати, доколку неговата посета биде откажана.
Чавушоглу претходно истакнал дека ќе го посети Ротердам, иако тамошните власти не се согласуваат со неговите акции за промовирање на промена на турскиот устав.