Хорор сведоштва на преживеаните од нападите во Лондон
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2017
Лицата кои го преживеаја страшниот терористички напад во Лондон со хорор сведоштва за британските медиуми. Тие раскажуваат дека виделе три лица, вооружени со ножеви, како излегуваат од минибус и почнуваат да напаѓаат. Според дописникот на BBC Том Саимендс со минибусот дошле од јужната страна на Лондон Бриџ.
Тројцата напаѓачи се симнале и почнале да ги напаѓаат случајните минувачи. Тој раскажува дека набргу потоа полицијата почнала да пука, но не станало јасно кој бил застрелан и колкав е бројот на погодените.
Некои очевидци тврдат дека виделе еден од напаѓачите мртов или барем неподвижен, и уште еден кој лежел на земјата но не се знае дали е мртов.
Алекс Шелам со девојката и двајца колеги седеле во гостилницата Mudlark, на неколку метри од “Лондон Бриџ”.
- Таа беше повредена, грлото и беше пресечено. Луѓето се обидуваа да го запрат крварењето, а ресторанот затвори. Полицијата ни нареди да чекаме во кујната, додека тие одеа наоколу, по што ни наредија да го напуштиме ресторанот во најбрз начин, придружени од вооружени полицајци “, раскажува очевидецот за BBC.