Храбрата Пакистанка и најмлада нобеловка Малала стана милионерка
Објавено во: Стил 30 Јуни, 2016
Малала Јусафзаи, пакистанска тинејџерка и активистка која преживеа напад на Талибанците, стана милионерка за четири години поради продажбата на книгата за нејзиниот живот и јавните настапи.
Оваа 18 годишна девојка стана позната откако во 2012 година во автобус беше нападната од Талибанците. Таа ја доби Нобеловата награда и се бори за правата на девојките.
Таа живее и се лекува во Велика Британија, а за своите говори наплаќа по 152.000 долари.
Мемоарите „Јас сум Малала“ објавени во 2013 година се продадени во 287.000 примероци во Британија.
Од ова Малала заработи 2.2 милиони фунти, а уште 1.8 милиони примероци се продадени во светот.
Таа го основа Малала фондот кој помага за образование на девојки во земјите во развој.