07 Мај, 2024
0.0436

Храна против стрес, замор, настинка …

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Сигурно досега сте ја слушнале, често повторуваната реченица: „Во природата за се постои лек“. Пред да одите на лекар за да побарате помош кај проблеми со спиење, стрес или настинка, пробајте да ја промените исхраната. Во една работа исхраната е сигурно подобра од лековите кои ќе ви ги препиша докторот, а тоа е храна која нема контраиндикации.

 Ова се намирници со кои ќе го регулирате сонот, тежината, варењето, ќе го намалите стресот, ќе се спасите од настинката и заморот.

Против стрес:

Печурки: Содржат витамин Д и селен, кој докажано го поправа расположението и го подига нивото на енергија.

Црна чоколада - истражувањата покажале дека ќе го намалите нивото на стрес доколку во текот на две недели јадете до 40 грама црна чоколада дневно.

Зелен чај- според една јапонска студија литар зелен чај дневно значително ќе го намали вашето ниво на стрес.

За добар сон:

Цреши - помагаат во производство на мелатонин, хормон неопходен за долг и пријатен сон. Тие исто така се добри во борбата против рак и срцеви болести.

Ореви - помагаат во  производство на мелатонин и аминокиселина триптофан, кои го подобуваат квалитетот на спиење. Произведува антиоксиданси кои го штитат телото од Паркинсова болест, Алцахајмерова, рак и дијабетес.

Киви - содржат висок процент на витамин Ц, калиум, антиоксиданси и влакна. Истражувањата покажале дека ќе спиете подолго и подобро ако јадете една кива пред спиење.

Против настинка:

Лук - докажано ги намалува шансите да се разболите и помага кај заздравување. Најдобро е да го конзумирате свеж. Исто така го поправа расположението и помага телото да се опорави после напорен тренинг.

Туна, лосос или скуша - риба богата со омега три масни киселини помага во борбата против настинка и грип.

Цитрусно овошје - портокали, грејпфрут и лимон се богати со витамин Ц. Според едно истражување, витаминот Ц го намалува периодот на боледување за еден ден.

За да го совладете заморот:

Какао- магнезиумот во какаото го подига нивото на енергија и позитивно влијае на мозочните функции.

Цревена пиперка - им се препопрачува на трудници како би ги совладале моментите на замор. Богата е со железо.

Овес - Популарна опција за доручек или ужина, овесна каша. Тоа и не чуди, бидејќи овесот е богат со калциум, магнезиум, витамин Е и Б, калиум, протеини и е добар за подигање на енергијата.

За проблеми со варење:

Ѓумбир - исецкајте помали парчиња и згответе чај. Засладете го со мед.

Нане - згответе чај или додајте свежо нане во салата и изедете го со оброкот.

Јогурт - пробиотик кој содржи добри бактерии кои ќе ви помогнат кај проблемите со варење. Купувајте јогурт со „активни култури“ или со додадени влакна. На јогуртот може да му додадете бобинки, како малини, кои се богати со влакна.