Христијан Мицкоски ќе оди во Владата
Објавено во: Македонија 09 Март, 2019
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев, но не во Клубот на пратениците, каде што вакви состаноци се одржуваат вообичаено, туку во Владата. Средбата е закажана за во 20.00 часот, потврди денеска Заев.
На средбата ќе се разговата за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Во последно време СЈО трби жестоки критики од Мицкоски дека не ја исполнува својата мисија за кое што е формирано, но се очекува дека ќе најде заеднички јазик за оваа тема со Заев со новите надлежности што ќе ги има ова обвинитество. Не се очекува голем „отпор“ од Мицкоски , особено по посетата на американскиот дипломат Филип Рикер.
Ќе се разговара за носењето на реформските закони и процеси кои ги бара Европската комисија пред очекуваното добивање на датум за преговори со ЕУ во јуни. Тема на разговор ќе бидат и претседателските избори.
„Ќе почекам утре да видам кои се барањата, ќе ги соопштам и нашите предлози и сите заедно како одговорности на сите политичари и политички партии ќе разговараме. За деталите е преурането и не би ги коментирал“, изјави Заев.
На оваа средба не се поканети лидери на другите парии, оти, како што вели Заев, нема потреба од таков формат.
Утрешната лидерска е на барање на ВМРО-ДПМНЕ.