05 Мај, 2024
0.0230

Хронично сте уморни: Ова е вистински рецепт за вас!

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

За да не ни се задржуваат токсините во крвта треба повремено да правиме чистење. Со задржувањето на токсини во крвта стануваме хронично уморни, и страдаме од надуеност а притоа имаме проблеми со циркулацијата.

Овие тешкотии може да се отстранат со помош на едноставна подготовка од вашата кујна. Се што ви треба е лук, домашен и вино, црно. Овој лековит напиток ја чисти крвта, го отстранува вишокот на маснотии и сол од организмот и го забрзува метаболизмот.

Состојки:

-12 чешчиња лук

-Пола литар црно вино (по можност домашно)

Подготовка:

Исчистете ги чешчињата лук, исечете на четвртинки и ставете ги во тегла. Додајте им пола литар црно вино и садот добро затворете го.

Чувајте го на сончево/светло место околу две недели. Секој ден по неколку пати протресувајте ја теглата, за да се измешаат состојките.

После две недели, процедете ја содржината на теглата и ставете ја во стаклен сад.

Земајте по 1 супена лажица три пати дневно, во период од месец дена.

Предупредување:

Ова е силен пијалок за чистење и јакнење на крвта па применувајте го со пауза од 6 месеци помеѓу два третмана.