Добивај вести на Viber
Директните странски инвестиции во Хрватска во првите шест месеци од годинава изнесувале 426,9 милиони евра.
Најмногу странски инвеститори имало од Германија, а најголеми средства привлекле поштата и телекомуникациите, покажуваат прелиминарните податоци на Хрватската народна банка ХНБ.
Централната банка во статистиката на директните странски инвестиции не дава споредба со истиот период лани, а според претходните објавени податоци од платниот биланс, во првото полугодие оваа година во однос на истиот перид лани, се бележи раст од вкупни инвестиции за 7,4 отсто, пренесе Хина.