04 Мај, 2024
0.0272

Huawei Mate20 Pro ексклузивно достапен во портфолиото на Телеком

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

*Новата Huawei Mat20 серија паметни телефони е дизајнирана да биде најдобриот партнер на потрошувачите

*Дизајнирани со најмоќната и софистицирана технологија во индустријата, најновите уреди на Huawei поставуваат повисоко ниво со кое ќе се мерат паметните телефони

Новиот Huawei Mate20 Pro, еден од најочекуваните паметни телефони за годинава од денеска ексклузивно е достапен во портфолиото на Македонски Телеком. Oвој телефон којшто e дел од Huawei Mate20 серијата, дизајниран со својата досега најмоќна и софистицирана технологија во индустријата го отелотворува врвот на иновациите. Huawei како компанија со новиот модел Mate20 Pro, дефинитивно постави повисоко ниво со кое ќе се мерат сите паметни телефони во 2018 година.


„Huawei постојано ја подобрува својата позиција на локалните пазари, а нашиот тим вложува максимални напори да им обезбеди извонредни производи на корисниците. Македонскиот пазар е еден од првите во Европа каде што продажбата започнува за помалку од една недела од почетокот на продажбата на глобално ниво. Секогаш ги слушаме желбите на нашите корисници", изјави Лонгруи Циу – Џефри, извршен менаџер за смарт телефони за Бугарија и Македонија од Huawei, на денешната јавна промоција на новиот Huawei Mate20 Pro телефон којашто се одржа во просториите на Македонски Телеком.

Ексклузивното промовирање на револуционерниот Huawei Mate20 Pro беше замислено како патување во иднината, а предностите на телефонот беа доловени, благодарејќи на острото око на фотографот Дарко Мораитов. Музичкиот маг Емин Џијан и диџејот Томи Бојаџи организираа музичкa импровизирачка работилница, додека Мораитов ги овековечуваше моментите со напредната Leica камера чијашто технологија го краси Huawei Mate 20 Pro, која е воедно носител на неговиот спeцифичен карактер.

Новиот Huawei Mate20 Pro телефонот поседува Matrix Camera која го вклучува Leica Ultra Wide Angle објективот којшто им овозможува на корисниците не само да гледаат пошироко, туку и поблиску од својата способност за макро растојание. Системот на матриксни камери го усвојува иконичниот дизајн на четири-точки, давајќи му на уредот препознатливост дури и на далечина. Телефонот користи оперативен систем EMUI 9 базиран на Android P, на кој потрошувачите можат лесно и удобно да ги уживаат сите функции за продуктивност и забава со неколку едноставни допири.


Уште една од интересните карактеристики на Huawei Mate20 Pro е 3D отклучувањето со препознавање лик. Користејќи го 3D системот за мерење кој се наоѓа на предната страна, уредот може точно да ги прочита карактеристиките на лицето и да препознае дури и мали детали.

И на крајот, една од главните карактеристики е што Huawei Mate20 Pro поддржува 15W HUAWEI безжична брзина, што претставува најбрзо решение за безжично полнење во индустријата и Wireless Reverse Charge, што му овозможува на уредот да работи како моќна банка за избрани електронски уреди што поддржуваат безжично полнење. 

Повеќе информации за новиот Huawei Mate20 Pro телефон можат да се најдат на веб страницата на Mакедoнски Tелеком  www.telekom.mk, во Телеком продавниците или пак, во Контакт центарот на 122 или 120.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото