И бизнисменот Чифлиганец ги посети првородените близначиња во 2020
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020
По градоначалникот Петре Шилегов и досегашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска и бизнисменот Ванчо Чифлиганец ги посети близнаците Габриел и Анастасија, првородените бебиња во 2020.
Сопственикот на Адора ја посети среќната мајка Снежана Рунтева на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и и го честиташе успехот.
„Адора инженеринг им честита на среќните родители Снежана и Димитар Рунтеви и на новороденчињата, Анастасија и Габриел, кои се родија први во Новата 2020 година.
Во изминатите 18 години во Адора се радувавме на многу новороденчиња, на многу млади брачни парови, на проширување на нивните семејства. Радоста беше голема кога се родија близнаци во две семејства на вработени во Адора, затоа чувството на радост, на нов почеток, на надеж за светла иднина, генералниот директор на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, искрено, од срце и душа ја сподели со родителите на првите новороденчиња во Новата година, посакувајќи им добро здравје, среќа, љубов, успеси во животот на целото семејство“, гласеше пораката на компнаијата на градежниот инвеститор.