И ЦРНА ГОРА НЕ ПРЕТРКА: Денеска им стигнаа 30.000 кинески вакцини на Синофарм
Објавено во: Балкан 03 Март, 2021
Црна Гора ги доби своите први кинески вакцини. Контингент од 30.000 дози на кинеската вакцина Синофарм пристигна во таа земја, а беше пречекан од министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ и амбасадорот на Народна Република Кина во Црна Гора Лиу Џин.
Премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека е потребно сите да бидат свесни за важноста од почитување на епидемиолошките мерки, со цел успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата на корона вирусот.
Инаку, во Црна Гора досега пристигнале 2.000 руски вакцини, како донација од Србија, додека од Русија се набавени уште 5.000 дози.