И НА ПОЛИГРАФ БИЛЕ ПИЈАНИ: Полициски началник раскажа како се однесувале уапсените за убиството на Данка
Објавено во: Балкан 05 Април, 2024
Осомничените за убиството на Данка Илиќ биле пијани и на полиграф.
Началникот на Управата на криминалистичката полиција на Србија, Нинослав Чмолиќ, детално го опиша текот на истрагата за исчезнувањето на Данка. Тој рече дека по пријавата за исчезнувањето, полицијата излегла на терен, извршила увид во околината и собрала информации. Потоа бил активирам системот „Најди ме“ и испитана мајката.
Тој потврди дека и двајцата осомничени биле во алкохолизирана состојба за време на полиграфското тестирање, иако не требало да бидат подложени додека не се отрезнат.
„Беа во алкохолизирана состојба, тогаш не им го меривме алкохолот во крвта. Знаевме дека не можеме да ги полиграфираме луѓето под дејство на опијати, но тоа е мало дете и не можевме да чекаме“, рече тој.
За видеото од Виена, кое било трошка надеж за родителите и полицијата, Чмолиќ вели дека снимката прво му ја покажале на таткото.
Две лица од Бор, вработени во комунално претпријатије се уапсени и признале дека ја згазиле Данка, а потоа еден од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија.