И покрај договорот со САД - санкциите против Катар остануваат
Објавено во: Свет 12 Јули, 2017
Санкциите против Катар остануваат. Околу тоа се здружија Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин, кои ја бојкотираат земјата веќе повеќе од еден месец.
Вчера САД и Катар потпишаа договор за борба против финансирањето на тероризмот. Тоа се случи при посета на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Доха. Средбата е уште еден обид да се стави крај на тековната конфронтација која трае веќе месец меѓу двете земји. Во соопштението Тилерсон нагласува дека средбата носи дух, сличен на оној во Ријад, каде претседателот Доналд Трамп беше во официјална посета.
„САД имаат една цел - да го избришат тероризмот од лицето на Земјата. Секоја земја во регионот има апсолутна обврска да се осигура дека терористите нема да најдат засолниште на нивна земја“.
Четирите држави му воведоа санкции на Катар, обвинувајќи го дека финансира екстремистички организации и дека е непријател на арапските земји во Персискиот Залив. Доха ги отфрла обвинувањата. Денес државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин.