04 Мај, 2024
0.1099

И свештеникот наследник на Иринеј заразен со коронавирус: Примен е во болница

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Митрополитот Дабро - Босански Хризостом, кој по смртта на патријархот Иринеј претседава со Синодот на СПЦ е примен во болницата „Драгиша Мишковиќ“ во Белград поради инфекција со коронавирусот. 

Информацијата ја потврди Српската православна црква (СПЦ) во соопштение во кое не се даваат други детали за здравствената состојба на митрополитот. Тој вчера служел литургија во Патријаршијата на Пеќ во Косово, престолот на српските патријарси.

Инаку Хризостом ја водеше погребната церемонија на патријархот Иринеј кој почина минатиот месец од последици од коронавирусот. Претходно од коронавирусот почина и црногорскиот митрополит Амфилохије.

Фактор веќе пишуваше дека од коронавирусот кој направи пустош во Србија и во регионот починаа вкупно пет свештеници на СПЦ.

Речиси на самиот почеток на епидемијата, пристигна веста за првата смрт кај свештенството. Епископот Ваљевски, Милутин, почина на 79-годишна возраст, на 30 март 2020 година, како резултат на вирусот ковид 19. Владиката Милутин почина два часа по полноќ, во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, каде што беше на лекување. Владиката Милутин беше востоличен како епископ на обновената Валевска епархија во септември 2006 година.

Следуваше нов удар во октомври. Малку работи ја погодија јавноста неодамна како веста за смртта на патријархот Иринеј, но и митрополитот Амфилохије еден месец порано. За помалку од еден месец, короната однесе животи на двајца, кај верниците омилени свештеници.

Српскиот патријарх Иринеј присуствуваше на погребот на митрополитот Амфилохије на 1 ноември. Само три дена подоцна, инфекцијата била дијагностицирана кај поглаварот на Српската православна црква. Патријархот Иринеј отиде на лекување во воената болница Карабурма од 5 ноември. Официјалната вест за неговата смрт пристигна на 20 ноември во раните утрински часови.

Само еден ден подоцна, на 21 ноември, пристигна веста за смртта на поранешниот бискуп во Рашка и Призрен, Артемије. Оваа информација ја објави претседателот на Европското движење на Србите од Косово, Рада Трајковиќ. Иако е свештеник, владиката Артемије не може да се смета за член на Српската православна црква, бидејќи во поновата историја на Српската православна црква, тој е единствениот разрешен и чиј чин е одземен.

На истиот ден, на 21 октомври, монахињата Нина почина во Пеќската патријаршија, а директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, испрати сочувство до игуманијата на Пеќската патријаршија, мајката Харитина и сестринството.



Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни