И ВО ХРВАТСКА МНОГУ НОВОЗАРАЗЕНИ: 312 позитивни на ковид, тројца починати пациенти, властите ги забранија свадбите
Објавено во: Балкан 29 Август, 2020
Во Хрватска епидемиолошката
состојба загрижувачка. Во изминатите 24 часа таму се регистрирани 312 новозаразени
случаи, додека три лица починале, информираат од хрватскиот Национален штаб за
цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 2.654, а од нив 211 пациенти сехоспитализирани. На респиратори се 12 пациенти. Во самоизолација се 9.148 лица.
Врз основа на епидемиолошката состојба, властите во Хрватска донесоа рестриктивни мерки во регионите на Вараждин, Шибеник и Вировитица, со кои се забрануваат свадбите и други прослави на кои се можни поголеми собирања.