И вработените во агенциите за обезбедување ќе добијат дозвола за движење ако работат во смени
Објавено во: Македонија 22 Март, 2020
На прашањето дали приватните агенции за обезбедување се ослободени од полицискиот час, министерот за здравство Венко Филипче одговори дека сите што работат во смени имаат право да добијат пропусница за движење.
„Секоја компанија или институција која има работа во смена, со цел работниот процес да не запре, има право да добие таква пропусница за да се движи кон работа и од работното место“, објасни Филипче.