Ибраими скапиот Јагуар го регистрираше во Тетово
Објавено во: Стил 12 Август, 2017
Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими од неодамна поседува вреденс спортски автомобил Јагуар кој вреди стотина илјади евра, а тоа што е највпечатливо за возилото е што е регистрирано во Тетово.
Ибраими сега настапува во Астана од Казакстан, а во дресот на македонската репрезентација е еден од најистакнатите напаѓачи.