ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Денес преку ден очекуваме во Македонија времето да биде потопло, но и со повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд, а ќе дува и умерен, повремено и локално засилен ветер од југозападен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат повисоки за разлика од вчера и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Сепак вечерашната ноќ носи нови врнежи од дожд од запад, но на планините во западните предели со надморска височина од над 1400-1500 метри, и тоа поради падот на температурите врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи ќе има и во четврток.
Во четврток повремени врнежи од дожд очекуваме и во Скопје и околината.
Конечно постабилно и пролетно топло време можеме да очекуваме од петок (26.4.2024).