27 Октомври, 2021
0.0221

IDEA LAB со 24 часовен креативен хакатон за студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2021

Изминатата недела, македонската PR и маркетинг агенција IDEA LAB, во соработка со едукативната установа во областа на дигиталниот маркетинг, Creative Hub, организираше креативен хакатон насловен како „Cracking the idea code”.

IDEA LAB, како агенција која што се води по светски и европски трендови, како во работењето со клиентите, така и во мотивирањето на вработените, постојано се труди да вклучува млади и амбициозни луѓе во процесот на работење. Амбициозниот дух и креативноста се она што ја движи агенцијата низ годините, а токму затоа IDEA LAB ја започнa оваа исклучително важна соработка со едукативната установаCreative Hub. 

„Како агенција, но и како менаџери, секогаш се трудиме да ги препознаеме амбициозните креативци, кои максимално се вложуваат во своето работење, но и секогаш изненадуваат со неверојатни идеи. Долгогодишното искуство и знаење, несебично ни е драго да го споделиме со сегашните и идните суденти на едукативната установа, Creative Hub. Нашите врати се секогаш отворени за луѓе кои сакаат да учат и да запливат во водите на маркетингот и креативноста,“ изјави Димитар Атанасовски, еден од сопствениците на PR и маркетинг агенцијата, IDEA LAB. 

Креативниот предизвик имаше за цел да ја претстави моќта на маркетингот, како и односите со јавност и да ги разбуди креативните мисли на студентите на Академијата за дигитален маркетинг, кои имаа за задача да смислат шест-месечна комуникациска стратегија, за однапред утврден клиент, врз основа на конкретен бриф. 

IDEA LAB, во рамките на 24 часовниот креативен камп, организираше презентирање на комуникациските стратегии, подготвени од студентите, по кое беше одбрана најдобрата комуникациска стратегија, односно најдобриот студент, кој добива можност за платена пракса во агенцијата и можност да го искуси работењето со врвни, локални и глобални клиенти. 

IDEA LAB, е прва македонска PR и маркетинг агенција, која што од неодамна е членка на  PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји. Со цел кон постојан раст и развој, компанијата продолжува со привлекување на нови идеи, како и нови вработени, кои со креативните и комуникациски вештини ќе помогнат во реализирањето на една од целите, а тоа е IDEA LAB да стане глобална PR и маркетинг агенција.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

ДЕНОВИ НА ИТАЛИЈА ВО ТИНЕКС – EXTRAORDINARY ITALIAN TASTE BUY AUTENTIC ITALIAN AND GET MORE

ДЕНОВИ НА ИТАЛИЈА ВО ТИНЕКС – EXTRAORDINARY ITALIAN TASTE BUY AUTENTIC ITALIAN AND GET MORE

Parfois отвора нова продавница во East Gate Mall: Португалскиот моден бренд го најавува новото отворање во Скопје

Parfois отвора нова продавница во East Gate Mall: Португалскиот моден бренд го најавува новото отворање во Скопје

Бонус игра за online учесниците на ЛОТО 7 и Џокер

Бонус игра за online учесниците на ЛОТО 7 и Џокер

Со континуирана модернизација на мобилната мрежа, Телеком се подготвува за 5G

Со континуирана модернизација на мобилната мрежа, Телеком се подготвува за 5G

НАГРАДНАТА ИГРА НА 2win.mk ИМ ДОНЕСЕ ВЕЛОСИПЕД НА ЗОРАН И ВЛАТКО

НАГРАДНАТА ИГРА НА 2win.mk ИМ ДОНЕСЕ ВЕЛОСИПЕД НА ЗОРАН И ВЛАТКО

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков – добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков – добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година

Силк Роуд Банка во вторник започнува со предвремена исплатата на пензиите за октомври

Силк Роуд Банка во вторник започнува со предвремена исплатата на пензиите за октомври

Рамстор Мол го одбележа месецот за борба против рак на дојка

Рамстор Мол го одбележа месецот за борба против рак на дојка

БЛИЗУ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ДОНЕСЕ НАЈНОВИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ

БЛИЗУ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ДОНЕСЕ НАЈНОВИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ