Игор Јанушев му порача на затворениот член на ВМРО-ДПМНЕ да издржи
Објавено во: Македонија 28 Август, 2020
Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на Фејсбук искоментира дека активистот Кристиан Јандриоски е осуден на казна затвор поради статус на Фејсбук.
„За фејсбук статус не се оди во затвор, освен во држава со Влада водена од Заев!
За фејсбук статус Кристиан Јандриоски оди во затвор, а за украдени милиони се добива награда - премиерско столче за Заев. Тоа е таа брутално мачна неправда на криминалната банда на власт, спроведена на дело.
П.С Кристиан Јандриоски и ова ќе помине, а ти ќе излезеш со крената глава!“, напиша Јанушев.
Ниту Јанушев, ниту Јандриоски до сега не споменаа за каков статус на социјалните мрежи станува збор. Членот на ВМРО-ДПМНЕ вчера објави само дека добил упатен акт да се јави на издржување на затворска казна.