Илон Маск и официјално е побогат од Марк Цукерберг
Објавено во: Економија 19 Декември, 2020
Веста за додавањето на Тесла во индексот С & П 500 ги покачи акциите на производителот на автомобили на 17 ноември, помагајќи му на извршниот директор Илон Маск, да биде еден од најбогатите луѓе во светот, пренесува Бизнис инсајдер.
Од вторникот, 17 ноември, кога акциите на производителот на електрични автомобили добија дури 12 отсто, богатството на Маск се зголеми за 11,8 милијарди долари и достигна 114 милијарди долари, според индексот на милијардерите на Блумберг. Тој сега го засени основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг кој го заземе третото место на глобалното рангирање на богатството, објави Блумберг.
Добивките не мора да значат дека Маск, чие богатство е главно поврзано со огромни влогови во Тесла и други приватни потфати како SpaceX и Boring Company, има каква било нова потрошувачка моќ. Милијардерот јавно изјави дека води скромен начин на живот и има ставено под хипотека многу од неговите замоци во областа Лос Анџелес. Три од тие замоци беа на списокот на продажба претходно оваа година, бидејќи Маск вети дека ќе ги продаде „скоро сите физички добра“.