Има две малолетни деца, семејството во шок: Десет дена ни трага од Маја Гичева
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Десет дена не се појавила во својот дом. Маја Гичева е мајка на две малолетни деца и има 36 години. Животот на нивното семејство не е ист од 16 август после 16.30 часот од кога Гичева веќе не е дома. Таа живее во селото Филиповци, Кратово и до ден денеска не се вратила дома.
Маја Гичева излегла од дома додека нејзиниот сопруг бил на работа, а двете деца останале сами. Од тогаш и се губи секаква трага. Носела тренерки и влечки. Има црвенкаста коса, а е слаба и висока.
Семејството бара помош доколку некаде ја видите или имате било каква информациија да се јавите на 070564147 или во најблиската полициска станица