30 Април, 2024
0.0277

ИМА ЛИ АЛТЕРНАТИВА ЗА ЗЕМЈАВА: Елен Конве - Муре пренесе порака од Макрон

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нова порака има од Франција, а тоа е дека за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. 

Заменик претседателката на францускиот Сенат, Елен Конве - Муре, денеска на македонските претставници и од власта и од опозицијата им рекла дека државата нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата.

Таа рекла дека транзицискиот период поврзан со промената на внатрешните процедури поврзани со проширувањето на европското семејство ќе траел многу кратко време, но и дека требало да бидат разгледани и реалните состојби. 

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбеност Хари Локвенец, по средбата, изјави дека главна тема била зачленувањето на Македонија во НАТО, но дека била пренесена и позитивна порака од францускиот претседател Емануел Макрон.

Конве-Муре учествуваше во изготвувањето на Предлог-законот за ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во Сенатот на Франција и се очекува наскоро да биде усвоен во Националното собрание. 

Таа е во дводневна посета на Македонија. 

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, денеска во Собранието рече дека во мај на следниот Самит на ЕУ во Загреб може да се очекуваат добри вести за Македонија, но само ако се дадат „позитивни точки од ваша и од наша страна“. 

Франција работи на нова методологија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање