Има ли Истра право на отцепување од Хрватска?
Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2017
Референдумот во Каталонија е интересен за Хрватите затоа што нив ги засега Истра.
И Хрватска имаше референдум за независност, но тоа беше одамна.
Веќе два дена на социјалните мрежи се спомнува прашањето за Истра, пишува Индекс.хр.
Без разлика дали има законско право, дали еден ден тоа прашање може да се отвори?
За Истра важно е да се каже дека многу повеќе вложува во буџетот на државата, отколку што добива.
Жителите на Истра ги финансираат другите региони, а властите се глуви за нивните барања.
По Втората светска војна, Истра е дел од Хрватска.
Таа долго време била поделена меѓу Венеција и Хасбуршката монархија.