28 Април, 2024
0.0274

ИМА ЛИ ПОДОБАР БИЗНИС: Колку тежи затоплувањето на Скопје?

БЕГ лани има приходи од 30 милиони евра од затоплување на македонскиот главен град. Најголеми клиенти се домаќинствата од кои доаѓаат 17,65 милиони евра.

Објавено во: Економија 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

„Балкан енерџи груп“ скратено БЕГ, фирмата што го снабдува Скопје со топлинска енергија од граѓаните во 2015 година фактурирала 1,089 милијарди денари (околу 17,65 милиони евра) на домаќинствата односно жителите на Скопје кои се приклучени и ги користат услугите и се греат на топла вода што ја произведува БЕГ во најмените постројки на скопска „Топлификација“. На правните лица БЕГ за 2015 година им фактурирал 681,7 милиони денари (над 11 милиони евра), пишува во извештајот на независниот ревизор за 2015 година.

БЕГ е компанија која од 2013 година ги грее скопјани, откако ги зема под закуп производните постројки на „Топлификација“ и за нивен наем и одржување требаше да плаќа најмалку 1 милион евра годишно. А истовремено од државата преку Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес за РМ ја зеде под закуп дистрибутивната мрежа за топлинска енергија и за тоа годишно треба на плаќа закупнина од 51.000 евра, а ја има и обврската да ја одржува мрежата. БЕГ од 2014 година е во целосна сопственост на кипарската фирма Битар Холдингс која беше коосновач на БЕГ во 2012 година заедно во кипарската фирма Кодрикор инвестментс. 

Според достапните податоци од извештајот на независните ревизори за лани БЕГ, кој во својот состав има четири подружници: Производство на топлина, Дистрибуција на топлина, Снабдување со топлина и Балкан енерџи секјурити, лани остварил приходи од продажба во износ од 1,82 милијарди денари (околу 30 милиони евра) што е за 91 милиони денари поголеми приходи од 2014 година.

И покрај зголемените приходи од продажба оваа компанија бележи загуби во своето работење лани и таа на крајот на годината изнесува 70,4 милиони денари и во споредба со 2014 година кога загубата била 29,95 милиони денари е повеќе од двојно повисока. Но, компанијата која постои од август 2012 година, и покрај загубите во 2014 и во 2015 година сепак има акумулирана добивка од 150,2 милиони денари на крајот на минатата година. Од ревизорскиот извештај на страница 33 може да се прочита дека од своето основање во 2012 година до крајот на 2015 година „сметководствената евиденција на БЕГ не била предмет на даночни контроли“.

Кои се трошоците на БЕГ ?

Од извештајот е видливо дека најголем трошок на БЕГ се плаќањата за природниот гас што го купува. Во 2015 година за таа намена се платени 1,01 милијарди денари. Од природниот гас БЕГ произведува топлинска енергија. Во најголем дел ја купува од кипарската фирма „Синтез“ и за таа намена лани платил 922,5 милиони денари (над 15 милиони евра) (според договорот наведен во извештајот). Како продавач се појавува и ГА-МА и за тоа наплатила 68,8 милиони денари (над 1,1милиони евра). БЕГ купува топлинска енергија и од когенеративната централа Те-То за што лани платил 268 милиони денари (над 4,4 милиони евра). За водата што ја користи лани БЕГ платил 1 милион денари (над 16.000 евра).

Колку му должат на БЕГ?

Според податоците од независните ревизори БЕГ лани на крај на годината имал повеќе од 11 милиони евра ненаплатени побарувања. Подеднакво големи  неплаќачи се жителите на Скопје и фирмите. Долгот на скопјани е 270,55 милиони денари, а фирмите должеле 270,9 милиони денари. Во ставката други купувачи во земјава, за која претпоставка е дека се органите на државната управа, долгот на крај на 2015 година е 117,35 милиони денари. Споредбата на долгот по ставки покажува дека БЕГ во споредба со лани успеал да наплати или отпишал 83 милиони денари кај фирмите, 33 милиони денари кај другите купувачи, а долгот на домаќинствата пораснал за 27 милиони денари. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници