04 Мај, 2024
0.0290

Има ли скриена причина: Имунитетот на Вељаноски во рацете на Џафери

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во следните неколку дена претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе соопшти што ќе се случи со седницата на која точка на дневен ред е одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. На полноќ синоќа Џафери ја прекина седницата на која пратениците дебатираа за одземање на пратеничкиот имунитет на неговиот претходник на која доминираше тензична атмосфера. 

Пратениците од опозицијата тврдеа дека нема потреба од ваква седница затоа што Комисијата за деловнички и мандатно - имунитетни прашања немаше заклучок за одземање на имунитетот. На комисиската расправа четворица пратеници беа за одземање на имунитетот, но исто толку беа и против.

„Да, има извештај, но нема предлог заклучок од комисијата. Што тогаш Џафери ќе стави на гласање? Оваа седница е чудна работа, неразумна е,штом нема предлог заклучок нема ни точка за расправа, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски рече дека треба да се постапува по собраниски правила и да се расправа за ова прашање. 

„Која е одлуката да расправа собранието за одземање на имунитет ако комисијата изгласа против, а не може да расправа ако изгласа нерешено. Со должна почит кон вас, но Собранието може да преживее и без Трајко Вељаноски“, рече Богоевски.

Синоќешната седница беше прекината откако претходно процедурално се јави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој побара, но не му беше одобрена  паузата од еден час. 

Можеби ќе ве интересира

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“