ИМА РИЗИК ИНДИСКИОТ СОЈ ДА ПРЕЖИВЕЕ МЕЃУ МЛАДИТЕ: Кон предупредува на посериозна состојба на есен
Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2021
Епидемиологот и член на српскиот Кризен штаб, Предраг Кон, изјави дека е задоволен што
Србија е близу до 50% од вакцинираната возрасна популација со најмалку една
доза, но исто така, како што рече,
е загрижен дека одѕивот на
младите за вакцинација се
уште е мал.
„Ме радува падот на бројот на корона позитивни, падот на бројот на новоинфицирани, како и фактот дека денеска веројатно ќе надминеме 50 проценти од вакцинираната возрасна популација. Но, мора многу посериозно да пристапиме кон вакцинацијата на млади луѓе многу посериозно. Ова ни претставува проблем и затоа посебно мора да ја следиме состојбата во Велика Британија, изјави Кон за Курир.рс
Тој посочи дека посебен проблем е индискиот сој, односно делта варијантата на корона вирусот.
-Постои ризик ризик делта варијантата да преживее меѓу младите и да бидеме во сериозна ситуација на есен, рече Кон.