03 Мај, 2024
0.0246

ИМУНОЛОГОТ КАМЕНОВ ОТКРИВА: Ковид може да се прележи како секој друг вирус

Објавено во: Балкан 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Наша грешка е што мислиме дека треба да се создата антитела за да го запреме корона вирусот, но, излегува дека ковид „одлучи“ тие да не се создаваат, барем не во доволна мера и тоа ни го урива целиот концепт, објаснува во интервју за српски „Мондо“, имунологот, проф. др. Борислав Каменов.

-Секогаш се фаќаме за крајот, а не за тоа што е прво и најважно, а тоа е имунитетот. Вистина е дека короната прави огромни оштетувања на белите дробови, но, тука многу повеќе страдаат крвните садови во нив, а не самиот орган. Фокусирани сме на белите дробови, загрижени за воспалението, но на пациентите во тој случај им е потребна антикоагулативна терапија. Имунитетот е невидлив кога добро функционира, станува видлив дури тогаш кога човекот ќе се разболе, а основно нешто за силен имунитет е витаминот Д. Тој го убива вирусот. Пример за тоа е една неодамнешна студија во Индонезија во која се земени 100 пациенти кои имаат нормални вредности на витамин Д и други 100 кои имаат дефицит. Кај првите се развила многу блага клиничка слика на инфекцијата на корона вирусот, додека кај останатите 100 пациенти со ндостиг од витаминот Д, клиничката слика била со многу сериозни симптоми, вели имунологот Каменов.

Тој вели: „Сите мислат само да дојде вакцината и се ќе биде решено“, но според него тоа не е вистина и постои потврда за тоа.

-Постојат пациенти кои прележаа корона, а по три месеца повеќе немаат антитела. А, кога некоја болест ќе се прележи, тогаш се стекнува најголем имунитет. Па, ако по три месеци од излекувањето кај одредени пациенти нема нема антитела, па колку може да има по примањето на вакцината, па и да е најдобрата на светот. Значи, во ниту еден случај не можеме да се потпреме на заштита од корона вирусот со создадени антитела, веќе е докажано дека тие не се трајни. Тоа што е најважно, потенцирам уште еднаш е силен имунитет, кој се јакне со витамин Д, но бидејќи не го примаме доволно од сонцето, треба да се зема како суплемент, заклучува професорот Каменов.  


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни