ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат
Објавено во: Свет 19 Април, 2024
Маж се закануваше дека ќе се разнесе со експлозив во иранскиот конзулат во францускиот главен град Париз.
Француската полиција го уапси мажот кој се заканувал дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат во Париз, но по претресот е откриено дека не носи никаков експлозив. Извор од полицијата рече дека тоа е истиот човек кој бил осомничен за обид за подметнување пожар во близина на иранскиот конзулат во инцидентот во септември лани.
Весникот „Паризиен“ на својата веб-страница објави дека, според неколку сведоци, човекот влечел знамиња на подот на конзулатот и рекол дека сака да се одмазди за смртта на неговиот брат.
Не е јасно дали инцидентот има некаква врска со ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Израел. Претходно денеска, експлозии одекнаа над иранскиот град Исфахан за кој разни извори рекоа дека е израелски напад.
foto Figaro