08 Мај, 2024
0.0242

Инфлацијата е најголемата грижа на Германците – се бараат производи на попуст, а се штеди и на енергија

Објавено во: Економија 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Зголемените цени на производите во маркетите повеќе ги загрижуваат Германците отколку војната во Украина или пандемијата. Речиси секој трет жител на Германија се плаши дека ќе мора да го промени својот начин на живот, покажале резултатите од последното испитување на јавното мислење спроведено од консултантската фирма „McKinsey“.

Околу 40 отсто од 1.000 испитаници рекле дека нивната најголема грижа во моментот е инфлацијата, додека пак 34 отсто рекле дека се загрижени поради руската инвазија на Украина, а само осум отсто ја посочиле пандемијата на Ковид 19. Скоро една третина од испитаниците (29 отсто) стравуваат дека го ограничуваат вообичаениот начин на живот во некои области. Стравот од пораст на цените особено ги погоди луѓето со пониски примања. Две третини од испитаниците очекуваат пораст на цените во следните 12 месеци, пишува „Дојче веле“.

-  Изминатите две години од почетокот на пандемијата оставија силен белег, но сега, поради инфлацијата и руската инвазија на Украина, луѓето станаа попесимисти од било кога претходно. Луѓето ги забележуваат повисоките цени во меркетите, но исто така забележуваат и дека на крајот на месецот помалку пари им остануваат во паричникот – објаснува Маркус Јакоб од „McKinsey“ при презентирањето на резултите.

Истражувањето покажало оти лицата кои заработуваат подобро ги менуваат своите потрошувачки навики. Две третини од испитаниците посочиле дека сега трошат повеќе пари за храна, додека 61 процент повеќе потрошиле на бензин и транспорт, како и енергија. Поради ова, речиси секое трето лице од испитаниците укажало оти ги ограничиле своите потрошувачки навики. Најмногу се штеди на трошоци за козметика, облека, забава и патување.

-  Штедење особено ги погоди оние области од економијата кои беа сериозно погодени и од пандемијата. Луѓето трошат помалку на задоволства кои сакале да си ги дозволат по пандемијата, како на пример одење во ресторани, ноќевања во хотели или забави – објасни Сајмон Ленд, претставник на компанијата која го спроведе истражувањето.

Истражувањето покажа дека две третини од потрошувачите веќе ги менуваат своите потрошувачки навики поради порастот на цените: на пример, со префрлување на поевтини брендови или купувања за време на попусти. Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека се повнимателни кога трошат енергија дома.

Фото: EPA/FRIEDEMANN VOGEL

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување