09 Мај, 2024
0.1611

ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФОРМА: На фирмите да им останат повеќе свежи пари

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Согласно важечкото решение во Законот за данокот на добивка, ненаплатените побарувања кои произлегуваат од трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот имаат третман на непризнаени расходи за даночни цели.

Според стопанствениците, ваквото уредување има ограничувачко влијание врз работењето на деловните субјекти. Ова го објаснуваат со тоа  што можностите на фирмите да обезбедат парични средства за одржување на ликвидноста, финансирање на тековното работење, но и обезбедување на средства за инвестициски активности и проекти се сведени на добивање кредити од домашните комерцијални банки. Оваа постапка со себе носи сложени и долги процедури за одобрување на кредитот, но и вклучува обврска за обезбедување на кредитот со инструменти за обезбедување, високи камати стапки, трошоци, провизии и надоместоци.

- Поради наведеното, се предлага да биде изменет даночниот третман на заемите, на начин што член 11 став 1 и 2 од Законот за данокот на добивка да бидат избришани.  Ваквото решение сметаме дека ќе овозможи прилив на ликвидни средства во стопанството, што ќе придонесе до зголемен економски раст. При тоа, ваквиот предлог нема да има никакви импликации во однос на даночниот третман на каматите на трансакциите помеѓу поврзани лица како непризнат расход за даночни цели- велат во Стопанската комора.

Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка е едно од 19- те барања за подобрување на бизнис- климата во земјава кои Стопанската комора на Македонија ги достави Владата. Иницијатвата се разгледува во ресорното Министерство за финансии, каде се во тек се активности за уредување на ова прашање. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување