06 Мај, 2024
0.0237

IntelliSTEM – сеопфатно смарт решение дизајнирано за ефикасен и профитабилен агро-бизнис

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Деновиве на македонскиот пазар беше претставен IntelliSTEM - ново, иновативно ИКТ решение кое им помaга на проиводителите во агро-бизнисот значително да го унапредат своето производство на храна и на тој начин да станат поконкурентни на пазарот.

Станува збор за нов и иновативен проивод, кој е плод на соработката помеѓу ГОРД Системи Сервиси и Футура 2/2 маркетинг и адвертајзинг агенција. Со IntelliSTEM решението тие имаа успешен настап и презентација на KATANA Crowdfunding - бизнис акселератор спонзориран од ЕУ за визионерски претприемачи од агро-бизнисот. Имено, во конкуренција од 650 пристигнати предлог-идеи од 24 земји, проектот IntelliSTEM влезе во првите 10 најдобри производи.

IntelliSTEM претставува сеопфатно решение, составено од интелигентни алатки дизајнирани со цел да им помогнат на агро-проиводителите да постигнат високо-ефикасно работење и поголем профит. Тоа успешно ги решава проблемите во многу важни области на делување: снабдување со вода и ѓубриво, градење сопствена база на знаење која автоматски се пополнува со податоци од терен, планирање, мониторинг и автоматизација на работните процеси што секојдневно се изведуваат од персоналот. Меѓу многубројните предности на овој иновативен производ, се издвојуваат:

·  Иновативно решение базирано на напредни IKT технологии (IoT/Internet-of-Things, Machine learning, NFC/Near Field-Communication, итн.)

·  Прецизното следење и процесирање на параметриод средината во која се одгледува културата (влажност и температура на почва, влажност, притисок и температура на воздух, ниво на светлина), евиденција за прилив на вода, ѓубриво и препарати за заштита, предупредување доколку нешто не е во ред со производствениот процес итн.;

·  Намалени трошоци на производство за 30% - 60%

·  Градење сопствена база на знаење со прибирање податоци од терен, која им помага на производителите да носат правилни одлуки во вистинско време;

·  Интерактивно и едноставно за користење, IntelliSTEM е всушност алатка која овозможува увид во моменталната состојба на културите (мониторинг на параметри од околината, податоци за извршени операции - како последно наводнување, употребени ѓубрива и заштитни средства, следни чекори што треба да се превземат итн.);

·  Автоматизиран и прецизен дотур на вода и ѓубриво прилагоден на потребите на секоја култура. Ова отвора можност за производство без употреба на хемикалии како што се регулаторите за раст, што е особено важно за органското производство.

ГОРД Системи Сервисиоснована во 2006 година се занимава со развој на иновативни решенија базирани на напредни ИКТ техноогии (IoT/ Internet of Things, машинско учење, мобилни апликации итн.), додека Футура 2/2, основана во 2004 година, е една од најуспешните македонски адвертајзинг агенции, препознатлива по свежиот и иновативен пристап кон потребите на своите клиенти од најразлични индустрии. 

Преку заедничката работа на IntelliSTEM проектот,  ГОРД Системи Сервиси и Футура 2/2 маркетинг и адвертајзинг агенција, обединиja тим од искусни менаџери, персонал и консултанти во доменот на ICT, агро-бизнисот, маркетингот и јавните односи.  Тимот за развој на софтверот вклучуваше и искусен и обучен персонал со високи познавања од областа на најновите софтверски трендови и IT технологијата, одлични комуникациски вештини и големо меѓународно искуство.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“