26 Април, 2024
0.0300

Интервју Андреј Беле: Гранд кафе има свое место во срцето на потрошувачите

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Ние сме домашна компанија која добро го познава македонскиот пазар и ги следи навиките на своите потрошувачи, вели Андреј Беле, генерален менаџер на Стратешко деловната област Кафена Атлантик Група.

Од 2011 година вие сте генерален директор на стратешко-деловното работење кафе во рамките на Атлантик Група, па сосема логично на почеток е да ве запрашам како го сакате вашето утринско кафе?

Беле: Живееме во многу динамично време, брзаме, трчаме, преминуваме од една обврска кон друга и често немаме доволно време за да се посветиме себеси или на драги луѓе. Кафето за мене претставува пауза и уживање во малите нешта, мали ритуали, време поминато во мир со себе или со семејството и пријателите. За вистинските познавачи, ова се моменти на вистински хедонизам, уживање во вкусот и мирисот на кафето кое сме го избрале. Во секој случај, мене кафето на посебен начин ми го надополнува секојдневието и живот ми го прави поубав, а моето прво утринско кафе е шолјичка Barcaffè esspresо. Минатата година го лансиравме  еспресо во лименка Barcaffé DiVino, кое е направено од 100 проценти зрно арабика наменето за HoReC потрошувачите, и сега тоа е мојот фаворит.

Направете ни една кратка слика за текот и развојот на вашата кариера...каде бевте кога за првпат започнавте да работите, а каде сте денес?


Беле: Ја започнав мојата професионална кариера пред повеќе од 30 години во фабриката за минерална вода Donat Mg во Рогашка Слатина. Кога во 1997 година, Колинска д.д. Љубљана, која во тоа време беше најголемата словенечка и регионална прехранбена компанија, задолжена за програмата за пијалаци и за продажба на целиот асортиман. Потоа, три години бев извршен комерцијален директор во словенечката прехранбена компанија Жито д.д., а потоа се вратив во новоформираната Дрога Колинска, како директор на деловната единица за пијалоци. Бев на таа позиција кога Атлантик Група ја презеде Дрога Колинска во август 2011 година, кога застанав зад Стратешката деловна област Кафе со седиште во Белград. Оттогаш сум на пат помеѓу Изола, Белград, Скопје и Бијелина, каде се наоѓаат пржилниците за кафе на Атлантик Група.

2Вашата раководна функција е на потегот Изола-Белград -Скопје - Бјелина, всушност, ова се места каде на наоѓаат пржилниците за кафе на Атлантик Група. Ако треба да направите споредба, каква е разликата меѓу овие пазари?

Беле: Нашиот широк спектар - од различни мешавини на традиционалното кафе преку инстант различните вкусови,па се до врвното еспресо – на секој корисник му дава можност да го избере она што најмногу му одговара, и она што најмногу го сака. Секој бренд има своја приказна и место под сонцето. Ако ги гледаме по категории, најзастапено е традиционалното кафе, или како што ние сакаме да го напречеме „свежо пржено и мелено кафе“, потоа следи еспресо и инстант, и нашите најголеми брендови Гранд кафе и Barcaffé  застапени во сите категории. Всушност, нашиот регион во однос на кафето сè уште е традиционален, уште доминира свежото пржено и мелено кафе, но на долг рок, оваа категорија полека паѓа, потрошувачите се свртуваат кон глобалните новитети и современите трендови. Општо земено, во западниот дел од регионот, потрошувачите преферираат повеќе нежни мешавини, додека на исток го преферираат посилното кафе, па на тој начин се организирани и нашите брендови. Во сегментот на еспресо кафе, ние сме присутни со брендот Barcaffè низ целиот регион со специјални мешавини за секој од пазарите. На крајот на краиштата СПП кафе со 21,4 отсто удел и 150 милиони евра приходи од продажба се издвојува како најголема поединечна категорија на Атлантик Група, со што во 2018 година, ја зајакнавме водечка позиција како најголем производител на кафе во регионот.

Се чини дека имиџот и квалитетот на кафето кое го наметнавте на регионално ниво долги години го држи приматот. Од досегашното искуство што сметате дека беше и сè уште е клучно за да се постигне и одржи успехот?

Беле: Никогаш не треба да го потценувате потрошувачот, особено во денешно време, бидејќи тој има свои очекувања и одлична можност да избере и да споделува информации. Во оваа смисла, основата на довербата е префинетиот пристап кон пазарот, во обид постојано да сме во дослух со нашите клиенти и да ги инспирираме да уживаат во својот омилен пијалок - на свој начин, прилагодени на нивниот стил и начин на живот. Благодарение на овој наш пристап Гранд кафе е број еден бренд во Србија, каде што нашите брендови ја задржуваат доминантната позиција со над 53 проценти удел на пазарот. Во Босна и Херцеговина, Гранд кафе продолжува да ја засилува својата водечка позиција во категоријата на свежо печено кафе, а во Македонија успешно се бориме со високиот  притисок оддомашната конкуренција. Со своите брендови како Гранд Голд, Гранд Арома, Гранд Делукс, Гранд Black'n'Easy, C кафе и Минас, на македонскиот пазар, можеме слободно да се каже дека сме домашна компанија која го познава пазарот и ги следи навиките на клиентите. Сепак, колку и да беше тешко да се достигне врвот, уште потешко е да се зачува позицијата на лидер. Поголема е одговорноста, но и очекувањата што треба да ги исполниме. Нашиот темел за лидерска позиција во регионот е силното портфолио на производи, регионалното„know-how“, но, исто така, и флексибилната организација на работење, квалитетниот спектар на категории на свежо пржено и мелено кафе, инстант кафе и еспресо со автентични брендови внимателно изградени за различни кориснички потреби и структури. На крај, морам да додадам, дека Атлантик Група, со сите свои четири пржилници на кафе во регионот, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, ги применува истите стандарди за корпоративен квалитет, а годишно инвестира повеќе од 400.000 евра во контрола на квалитет и сертификација.

Што за вас значи успешен бизнис? Водечките стручњаци во светот на бизнисот се согласуваат дека успешните лидери мораат да имаат способност и вештини кои ќе им обезбедат успех на своите вработени. Како вие го градите својот тим?

Беле: На крајот, успехот на Атлантик, сепак, го сочинуваат вработените, нивната меѓусебна доверба и партнерство, што е основа за интерконекција и соработка во мултинационална компанија, како што е Атлантик Група. Ова значи дека не само што инвестираме во брендовите туку првенствено инвестираме во луѓето, нивниот развој и различни програми за поддршка на одделот за човечки ресурси, бидејќи вработените се нашите најдобри бренд амбасадори. Сè што правиме, е со цел да го направиме вкупното искуство на нашите вработени позитивно и инспиративно. Создадовме пријатно работно опкружување кое вклучува специјално дизајнирани простори за дружење и забава, заедно прославуваме мали и големи успеси, имаме разработено програми за развој, мотивирање и наградување на вработените. Ние инвестираме и создаваме можности за млади луѓе, без искуство и секоја година отвораме петнаесет нови работни места преку „Атлантската приправничка програма“. Младите луѓе треба да бидат охрабрени да ги препознаат и развијат своите претприемачки способности бидејќи ние, како систем, навистина ги цениме луѓето кои се проактивни, кои создаваат можности за себе и за компанијата.

Мирисот и вкусот на Гранд Кафе е навистина специфичен па оттука, од каде го увезувате кафето и која сорта ја преферира просечниот потрошувач од нашата земја?

Беле: Квалитетот на производот е основен предуслов за развој на сите други дејности и активности, и затоа сите суровини кои Атлантикги користи во производството ги купува според јасно дефинирани стандарди. Посебно внимание се посветува на контролата на квалитетот на суровото кафе, кое е 80 отсто купено по потекло, што значи директно од плантажата. Минас доаѓа исклучиво од Бразил,робуста од Индија, Виетнам, Колумбија и Уганда, и други африкански, азиски и јужно-американски земји. Примероци од суровото кафе, се тестираат на плантажа, а потоа следи уште една контролапред да се товарат бродовите и повторно во текот на истоваротна пристаништата во Копер и Трст, преку кои оди најголемиот дел од увозот на нашите кафиња, освен за пржилниците на кафе во Скопје, кое најчесто се испорачува од Солун. Потоа квалитетот на суровото кафе, се проверува пред да влезат во еден од нашите четири погони, како и за време на самиот процес на производство,па се до излегување на секоја вреќичка од производната линија. Со цел нашите клиенти подобро да разберат што е вистински квалитет, оваа година, една од нашите главни задачи ќе биде едукација на потрошувачите, во насока на подобро разбирање на она што претставува кафе од одредено географско потекло, одгледувано специјално за нашите клиенти, што дава гаранција дека една шолјичкаод вашиот омилен пијалок е само зрно чисто кафе од плантажа, да речеме, од Колумбија и ништо друго.


Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа ваши главни личности во кампањите, за жал остана само убавото сеќавање на оваа култна двојка, земајќи го предвид искуството и соработката со познати ликови од регионот, можеби има нова ѕвезда која ќе биде носител на вашите идни кампањи?

Беле: Мислам дека некои работи се случуваат само еднаш во одреден момент во времето и просторот и така треба и да останат, зачувани како вистинско пријателство со многу почит, што секако беше многу поцврсто од една деловната соработка. Суштината е во иднина да се свртиме кон нашите потрошувачи на соодветен начин почитувајќи ги нивните потреби, интереси, интелигенција и со емотивен ангажман. Наградите на професионалната јавност се најдобриот доказ дека вообичаениот ентузијазам, позитивна енергија, креативност и внимателно планирана стратегија секогаш победуваат и траат како наследна вредност, а тоа нè учи како правилно да ги ставиме работите во комуникацискиот систем.

Можеме ли да очекуваме наскоро нешто ново од Гранд Кафе?

Беле: Лидерот мора да биде иноватор, секогаш чекор понапред од конкуренцијата, а суштината не е само да се следат трендовите, туку и да го диктирате оригиналниот пристап и да развивате иновативни производи кои ги мотивираат потрошувачите да усвојат нови навики. По поместувањето на границите со лансирање на традиционалното Black and Easy, свежо пржено и мелено кафе, кое се подготвува за една минута и кое првпат го воведовме во 2015 година, кон крајот на минатата година, можам нескромно да кажам, следеше кофеинската револуција содржана во вистинско традиционално кафе - во капсула. Се обидуваме да создадеме иновативно портфолио во чекор со променливиот животен стил на нашите потрошувачи, со цел да одговориме на тековната состојба, но исто така и да ги предвидиме нивните идни потреби. Значи сигурно ќе продолжиме да развиваме нови брендови, но, исто така, ќе влеземе во нови категории на кафе и пијалоци.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“